20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го претстави обновениот Macan (фото+видео)

Porsche го претстави обновениот Macan (фото+видео)

Компанијата „Porsche“ го претстави обновениот кросовер „Macan“, моделот за 2019-та година. Премиерата на моделот се одржа во Шангај, што не е случајно, бидејќи токму Кина е најголемиот пазар за овој модел.

Основата промена во надворешноста на „Macan“ по дотерувањето се новите задни светла кои се соединети меѓу себе со светлечка лента – исто како кај „Cayenne“ и „Panamera“. Автомобилот доби обновени браници и нови „LED“ предни светла. Главната „LED“ оптика е достапна во основната верзија, како и опционално дополнително осветлување.

Во кабината се појави нов мултимедијален систем се 11-инчен екран на допир, кој го заменува досегашниот 7-инчен. Мултимедијата има гласовна контрола и навигација. Дефлекторите на климатизерите веќе се ставени под екранот на допир, бидејќи досега тие беа далеку од него.

Како опција се предлага волан „GT“ од „Porsche 911“, како и загревање на шофершајбната и јонизатори за воздух. При опционалниот пакет „Sport Chrono“ на воланот е поставен прекинувач за режимите на движење со копчето „Sport Response“. Покрај тоа, „Macan“ доби нова адаптивна круз-контрола со режим на движење при метеж.

Кросоверот сега се враќа со нови поставувања на шасијата и 7-брзински автоматски „PDK“ менувач. Засега промени кај моторите не се објавени, но медиумите во Германија откриваат дека основната варијанта на „Macan“ е со намалена моќност во споредба со досегашниот модел.

Под хаубата на кросоверот во најниско ниво повторно е 2,0-литарски бензински турбомотор, кој развива 245 КС. За споредба, досега моќноста на овој мотор беше 252 КС, а промената е направена поради новиот стандард да мерење на потрошувачката и на емисијата – „WLTP“, кој влегува во сила од 1-ви септември.

Верзијата „Macan S“ повторно е опремена со 3,0-литарски „V6“ турбомотор, чија моќност сепак е зголемена од 340 на 354 КС. Топ-варијантата – „Macan Turbo“, за возврат ќе се нуди со нов мотор. Тоа е 2,9-литарски би-турбо „V6“, кој развива 440 КС. и се нуди во „Cayenne“ и „Panamera“, заменувајќи го сегашниот 3,0-литарски „V6“. „Macan GTS“ ќе биде објавен подоцна.

Според неофицијалните податоци, помалиот „SUV“ на „Porsche“ ќе може да се купи и со турбодизел, а развојот на овој агрегат е веќе завршен. Неговата моќ ќе биде околу 300 КС. Дизел верзијата на „Macan“ ќе дебитира на крајот на годината, а истиот мотор ќе биде достапен и за „Cayenne“.

Првиот обновен кросовер ќе го добија кинезите – уште во август. Тоа е логично, бидејќи локалниот пазар е најголем за модел – од вкупно 350.000 продадени примероци на „Macan“ досега околу 1/3 се токму во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП