2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши в петок ќе се сретне со косовскиот министер за трговија и...

Бектеши в петок ќе се сретне со косовскиот министер за трговија и индустрија, Хасани

По добиените заклучоци од состанокот на ЦЕФТА-земјите во Белград, во врска со воведените заштитни мерки од страна Приштина за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка, министерот за економија, Крешник Бектеши, најави состанок со неговиот косовски колега Хасани, договорен за в петок, на 27 јули.

Земјите учеснички на состанокот ја поздравија вчерашната одлука на косовската Влада за делумно укинување на трговските бариери и ја повикаа Приштина во целост и без одлагање да ги укине царините за останатите производи. Неопфатени со одлуката на косовската Влада за повлекување на мерката се: доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето.

„Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека средбата ќе резултира со решение што ќе биде од заемен интерес. Уверен сум дека имаме заедничка цел, а тоа е олеснување на трговијата на Западен Балкан, согласно со правилата на ЦЕФТА-договорот и принципите на слободна трговија“, вели Бектеши.

Инаку, меѓу заклучоците од денешниот состанок во Белград е и елиминирање на сите останати воведени трговски бариери од страна на земјите членки на ЦЕФТА-договорот, а беше укажано и на потребата за натамошни реформи со ЦЕФТА, со цел натамошно олеснување на трговијата за Западен Балкан за што се очекува и директна поддршка од ЕК. Поради ова, земјите се согласија да се формира оперативно тело кое ќе работи на ефикасно решавање и укинување на сите трговски бариери кои би се појавиле во регионот, до влегување во сила на дополнителниот Протокол 7 на ЦЕФТА-договорот, кој предвидува механизми за решавање спорови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП