19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и Јункер се согласија да работат на укинување на царинските давачки

Трамп и Јункер се согласија да работат на укинување на царинските давачки

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата, по состанокот со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, изјави дека се согласиле да работат на укинување на царинските давачки и намалување на трговските бариери.

“Денес, пред сè, се согласивме заедно да работиме кон елиминирање на тарифите, нетарифните бариери и субвенции за неавтомобилските индустриски производи”, изјави Трамп на новинарите во Белата куќа, стоејќи покрај Јункер, објави Ројтерс.

Трамп, исто така, рече дека е договорена соработка со цел да се намалат бариерите и да се зголеми трговијата во областа на услугите, хемикалиите, лековите и сојата.

Според него, “Ова е голем ден за слободна и фер-трговија,” а прашањето со “тарифите на челик и алуминиум ќе биде решено.

Јункер рече дека договор е постигнат денеска, како што тој и очекувал, објави АП.

“Ги идентификувавме областите во кои ќе работиме заедно. Ќе работиме на укинување на царинските давачки за индустриски стоки, што беше моја главна намера”, рече тој.

Јункер претходно се сретнал со Трамп во Белата куќа и во оваа прилика порача дека ЕУ и САД се партнери, а не непријатели.

Инаку, претседателот на САД, претходно се закани дека ќе воведе тарифи за увоз на европски автомобили, што доведе Европејците да укажуваат на можноста за воведување на тарифи на САД за стока во вредност од 20 милијарди долари како противмерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП