22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВенецуела на прагот на хиперинфлација

Венецуела на прагот на хиперинфлација

inflacija1

Потрошувачките цени во Венецуела во мај се зголемени за рекордни 6,2 проценти во споредба со претходниот месец, што значи дека на оваа латиноамериканска земја и се заканува хиперинфлација, пренесува Франс Прес.

Стапката на инфлација во Венецуела во текот на првите пет месеци во оваа година се зголеми за 19,4 проценти, што е незначително помалку од минатата година, кога беше забележан раст на потрошувачките цени од 20,1 проценти.

Аналитичарите на американската банка „Goldman Sachs“, во анализата за движењето на инфлацијата во Венецуела, наведуваат дека стапката на инфлација во оваа земја е зголемена на крајот на минатиот месец, а мерено на годишна основа, за високи 35,2 проценти.

Како што е истакнато во анализата, доколку некоја земја има поголем раст на потрошувачките цени од 40 проценти на годишно ниво, тогаш може да се смета дека таа земја се наоѓа во зоната на хиперинфлација.

Високиот раст на инфлацијата во Венецуела беше проследен со истовременото намалување на економските активности, кои во првиот квартал напредуваа за скромни 0,7 проценти.

Доколку некоја земја во два последователни квартали има негативна стапка на економски раст, според економската теорија, се соочува со рецесија, а Венецуела, според проценката на американските економисти, е блиску до таа ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП