18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои ќе бидат најголемите градови во светот до 2100-та година? (видео)

Кои ќе бидат најголемите градови во светот до 2100-та година? (видео)

Кои ќе бидат најнаселените градови во светот во 2100-та година? Ќе ви откриеме една тајна – Њујорк дури нема да е меѓу првите 20, а вкупно 13 градови од Африка ќе го надминат градот во наредните 82 години.

Истражување на „Global Cities Institute“ неодамна ни покажа кои ќе се најголемите градови во светот во 2025-та, 2050-та, 2075-та и 2100-та година. Признаваме дека дел од нив можат да ве изненадат.

Според истражувањето вкупното население на 101 од најголемите градови во светот ќе се зголеми од 757 милиони лица на 2,3 милијарди лица, што претставува тројно зголемување.

Во 2100-та година во Лагос (Нигерија) ќе живеат вкупно 88.3 милиони лица, додека во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса ќе коегзистираат 83.5 милиони лица.

Најновите податоци за Лагос покажуваат дека повеќе од 2.000 луѓе се преселуваат секој ден да живеат и работат таму.

Третата позиција меѓу најголемите градови во светот по 82 години ќе ја држи Дар ес Салам (Танзанија). Изненадувањето тука е големо, бидејќи денес градот е населен од едвај 4,4 милиони лица, а неофицијално од околу 5 милиони лица. Ако до 2100-та година таму живеат 73,7 милиони луѓе, тоа ќе претставува зголемување од 1.588%.

Во првите 5 во светот се Мумбаи и Делхи во Индија (67,2 милиони и 57,3 милиони) исто така ќе се зголемат. Главниот град на Судан (Хартун) ќе се најде на шесто место со 56.6 милиони лица, следен од престолнината на Нигер (Ниамеј), каде што се очекува да живеат 56.1 милиони луѓе.

Со над 50 милиони жители до 2100-та година ќе се уште Дака (Бангладеш), Калкута (Индија) и Кабул (Авганистан).

По 82 години населението на Њујорк ќе се зголеми до 30 милиони лица, но тоа ќе биде доволно за 22-то место, додека Токио ќе биде на 28-та позиција, а Шангај, Лос Анџелес и Рио ќе се 37-ми, 40-ти и 41-ви.

Според најновото истражување во 2010-та година, најголемите градови во светот денес се Токио, Мексико Сити и Мумбаи.

Сликата до 2050-та година ќе претрпи суштински промени, а во топ 5 ќе се вклучени Мумбаи, Делхи, Дака (Бангладеш), Киншаса (Конго) и Калкута (Индија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП