2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Членките на ЕУ да добијат по 6.000 евра за секој мигрант

ЕК: Членките на ЕУ да добијат по 6.000 евра за секој мигрант

Европската комисија (ЕК) денеска предложи на земјите членки на Европската Унија да им бидат исплатени шест илјади евра за секој мигрант спасен во Средоземното море, што државите потоа ќе го прифатат.

ЕК соопшти дека сака да понуди целосна финансиска поддршка за секоја земја-членка на ЕУ која доброволно ќе воспостави контролни центри, во кои ќе се врши проценка на луѓето на кои им е потребна меѓународна заштита, како и на оние кои немаат право да останат во Унијата.

ЕУ членките утре ќе започнат со разговори по предлогот на Комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП