18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот „Еклер“ најдобар среднометражен филм на „Прифест“

Филмот „Еклер“ најдобар среднометражен филм на „Прифест“

Македонскиот краток филм „Еклер“, снимен по сценарио и во режија на Марко Ѓоковиќ, ја доби наградата за најдобар филм во категоријата среднометражни филмови на годинешното 10. издание на меѓународниот филмски фестивал во Приштина „Прифест“.

„Еклер“ е приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој по десет години, конечно, добива шанса да ја вкуси забранетата храна. Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.

„Прифест“ е меѓународен фестивал со четири натпреварувачки категории – европски, балкански, среднометражен и документарен филм.

Специјален гостин на годинешното десетто издание на фестивалот беше актерката Венеса Редгрејв.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП