26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИванка Трамп на работниците ќе им дели откази

Иванка Трамп на работниците ќе им дели откази

Ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп, изјави дека ќе ја затвори својата компанија која се занимава со производство на фустани, чевли и женски чанти и сите вработени ќе бидат отпуштени.

„Њујорк пост“ објави дека компанијата ќе биде затворена што е можно побргу кога вработените ќе бидат информирани дека ќе бидат отпуштени.

Како што вели Иванка Трамп, компанијата ја затвора со цел да се фокусира повеќе на својата работа како советник во Белата куќа.

Сепак, АП потсети дека таа е силно критикувана поради тоа што вработувала работници во Кина и поради лошите услови во фабриките таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП