5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер "опуштен и релаксиран" на гости кај Трамп

Јункер “опуштен и релаксиран” на гости кај Трамп

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оди во САД за да се обиде да спречи трговска војна со претседателот Доналд Трамп.

Како што пренесува “Дојче Веле”, тој со себе носи аргументи, но не и понуда.

Јункер е познат во Брисел, како некој што речиси секого срдечно го прегрнува и бакнува, но во моментов не е познато како за време на разговорите во четири очи во Овалната соба ќе реагира американскиот претседател Доналд Трамп.

На состанокот на седумте индустриски земји во јуни во Канада, Трамп го нарече Јункер  “вистински убиец”, а Јункер не беше сигурен дали зборовите на Трамп треба да ги свати како комплимент.

Според ДВ, за искусен преговарач како што е претседателот на Европската комисија едно е сигурно:

“Одам таму опуштен и релаксиран”.

Претседателот на САД воведе давачки за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, на која Брисел одговори со воведување на царини за стоки од САД, а притоа и двете страни поднесоа жалба до Светската трговска организација (СТО).

Пред десет дена, американскиот претседател ја прогласи ЕУ за конкурент, противник, па дури и за непријател.

Претседателот на САД, Доналд Трамп не разбира дека ЕУ води заедничката трговска политика со сите 28 земји-членки заедно, и затоа Јункер уште еднаш си постави за цел на американскиот претседател да му го покаже ставот на ЕУ и кои се придобивките од слободна прекуатлантска трговија.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП