3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го продаде својот оператор на гас за 535 милиони евра

Грција го продаде својот оператор на гас за 535 милиони евра

Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) потпиша договор за продажба на 66% од операторот на гасната мрежа „Desfa“ за сума од 535 милиони евра, станува јасно од порака на сајтот на институцијата.

Купувачот е Конзорциумот „Senfluga“, кој ги вклучува „Snam“, „Enagás Internacional“ и „Fluxys“. Веројатно договорот ќе биде финализиран до крајот на годината.

Во 2017-та година „HRADF“ објави тендер за продажба на 31% од својот удел во мрежниот гасен оператор и 35% од делот, сопственост од „Hellenic Petroleum“. Интерес имаше од два конзорциума.

Останатите 34% кои во моментов ги држи Фондот за приватизација ќе останат во рацете на грчката држава.

Ова е уште еден обид да се продаде „Desfa“. Во 2016-та година, обидот на Атина да ја продаде компанијата на азербејџанската „Socar“ не успеа.

Приватизацијата на грчкиот енергетски сектор е едно од барањата на кредиторите на земјата. Долги години, сепак земјата не успеа да најде пристап за привлекување на инвеститорите, а и властите да се усогласат со силениот отпор на Грците, кои ја бранеа државната сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП