8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПожарите во Атина не престануваат: Стотици пожарникари на лице место, во некои...

Пожарите во Атина не престануваат: Стотици пожарникари на лице место, во некои делови наложена итна евакуација(фото+видео)

Во Кинете и Калитехнопулис на Атика веќе трет ден беснеат пожари, објави агенцијата АНА. Големите пожари однесоа најмалку 74 животи, вклучувајќи и деца. Повеќе од 200 лица беа повредени, евакуирани скоро 1.000. Беше објавена тридневна жалост и во тек е потрага по преживеани. Се истражува што довело до повеќе пожари во исто време, поради што се сомневаат дека се подметнати. Соработка и помош на Грција им нудат многу држави.

Во Кинете, пожарите се шират на два фронта – еден кон Агиои Теодораи, а другиот до Алепохори, а локалните жители беа советувани вчера да се евакуираат. Според извештајот, во моментов пожарите ги гаснат 176 пожарникари со 74 возила, 37 планинари, авиони и хеликоптери.

Во пожарите во Калитехнопулис вклучени се 196 пожарникари со 96 возила, 10 противпожарни апарати, пет воени машини и хеликоптер.

Во пожарите што ја погодија Источна Атика во предградијата на Атина пред два дена, според официјалните податоци загинаа 74 лица, а многумина се водат за исчезнати.

Да се потсетиме, пожари во близина на грчката престолнина дивејат веќе три дена. Најлошо поминаа жителите на одморалиштето Мати, каде што повеќето од нив загинаа во своите домови или автомобили додека се обидуваа да се спасат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП