ЕКОНОМИЈА

Падот на БДП во Италија повисок од очекуваното

italija1

Италијанската економија во првиот квартал од оваа година ослабе повеќе од очекуваното, соопшти Националната агенција за статистика од Италија – Истат.

Во соопштението се наведува дека италијанскиот бруто домашен производ (БДП) е намален за 0,6 проценти од претходниот квартал.

Истат предвидува дека во овој квартал бруто домашниот производ во Италија ќе биде намален за 0,5 проценти, а за 2,3 проценти на годишно ниво.

Податоците од првиот квартал укажуваат на седмото намалување по ред во италијанската економија, со што ова е најдолгиот период на рецесија во оваа земја по Втората светска војна.

Индустриското производство во Италија, исто така, е намалено за 0,3 проценти.