19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот поскапе над 8.000 долари

Биткоинот поскапе над 8.000 долари

Цената на биткоинот го надмина прагот од 8.000 долари за прв пат по два месеца, поради знаците на растечкиот институционален интерес за дигиталната валута, објави „Ројтерс“.

Информацијата, за зголемувањето се појави, по одобрувањето во САД на фондот за берзанско тргување за криптовалути (ETF), што ја зголеми побарувачката.

Тоа беше поткрепено со коментарот на Лари Финк, извршен директор на „Black Rock Investment Bank“ во минатата недела, дека најголемата инвестициска компанија во светот е заинтересирана за криптовалутата.

На берзата во Луксембург, „Bitstamp“, вредноста се искачи на 8.130 долари, највисоко ниво од 22-ри мај.

Котирањето на другите дигитални валути, исто така, се зголеми малку, иако повеќето останаа пониски од пред една недела, објави „Coinmarketcap“.

По достигањето на максимумот од речиси 20.000 долари во декември минатата година, биткоинот изгуби повеќе од половина од својата вредност во оваа година поради падот на интересот од страна на институционалните и приватните инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП