16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре итен состанок во Белград по повод ЦЕФТA

Утре итен состанок во Белград по повод ЦЕФТA

Министрите задолжени за трговија, земјоделство и економија од четири земји во регионот ќе се состанат утре во Белград за да разговараат за новата ситуација откако привремените институции во Приштина неодамна воведоа заштитни мерки за увоз на одредени видови овошје и зеленчук и пченка.

На состанокот домаќин ќе биде министерот Расим Љаиќ, а ќе присуствуваат потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, Љупчо Николовски.

Исто така, во Белград ќе пристигне и шефот на Дирекцијата за мултилатерална и регионална економска соработка на црногорското Министерство за економија, Горан Шќепановиќ.

Се очекува на состанокот да се зазаме заеднички став за најновата одлука на приштинските институции кои почнаа да применуваат заштитна царина од 30 отсто за увоз на одредени видови овошје и зеленчук и пченка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП