18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОпштествена одговорност: Виталиа ги оспособува за работа младите од СОС Детско село

Општествена одговорност: Виталиа ги оспособува за работа младите од СОС Детско село

Реномираната македонска компанија за производство на здрава храна Виталиа на 24.07.2018 зема учество на интерактивна работилница за оспособување на младите од СОС Детското село при нивното барање на работа.

Целта на оваа работилница е да се зајакнат капацитетите на штитениците од СОС Детско село со цел полесно истите да се интегрираат во пазарот на труд т.е. полесно да се вработат. Работилницата беше исполнета со дискусии, прашања и споделувања на искуства, а модератор беше токму менаџерот за човечки ресурси на Виталиa.

Учесниците дискутираа за корисни теми како на пример кои се пресудните елементи за еден кандидат да биде повикан на работа, како се пишува CV, што остава позитивен, а што негативен впечаток на првото интервју и многу други. За учесниците најинтересна беше симулацијата преку која истите одржаа вистински интервјуа со менаџерот на Виталиа, им беа поставувани вистински прашања и добиваа фидбек за нивната успешност. Симулацијата заврши со составување на вистински, професионални CV-а за учесниците од страна на експертите на Виталиа, кои потоа ќе можат да ги користат при апликациите за работа.

Општествената одговорност е активност која подразбира запазување на повеќе работи. Да произведете здрави, квалитетни и безбедни производи според потребите на потрошувачите, но и да помогнете на социјално загрозените слоеви и да дадете еднакви шанси за градење кариера секому. Како компанија, Виталиа функционира како едно големо семејство на вредни, посветени, работливи луѓе без оглед на нивното етничко, културно или социјално потекло, и имаме навистина квалификуван кадар кој може да им помогне на овие млади во процесот на барање на работа, од пишувањето на едно мотивациско писмо, до самото интервју и етика на работното место” – вели Искра Ветаџаковска Муцунска, менаџер и косопственик на „Виталиа”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП