Од 3.500 до 12.000 работни места во финансискиот сектор ќе бидат префрлени од Велика Британија во Европската Унија поради брегзитот, изјави Кетрин Мекинис, шефицата на лондонскиот Сити.
Таа истакна дека долгорочно гледано многу работни места може да исчезнат.
– Во прв момент не очекуваме голем брегзодус. Но, според тоа како се одвиваат работите, би можеле, гледано на подолг временски период, да очекуваме заминување на многумина – вели Мекгинис.
Банките, осигурителните компании и менаџерите на средства во Велика Британија почнаа да отвораат свои канцеларии во ЕУ пред излегувањето на Велика Британија од европскиот блок во март в година за да обезбедат континуитет на бизнисот, наведува британската агенција „Ројтерс“.