19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрногорците земаат кредити, не прашуваат за камати

Црногорците земаат кредити, не прашуваат за камати

Од 1,19 милијарда евра кредит, колку што во првата половина од годината се задолжи црногорското население, 621 милион се готовински и ненаменски и 367 милиони се станбени кредити, објави Централната банка.

Овие податоци укажуваат дека граѓаните најмногу се задолжуваат со потрошувачки кредити, и тоа по мошне висока камата.

Задолжувањето на населението кон банките дополнително се зголеми минатата година, и тоа од 1,02 на 1,125 милијарда евра, според извештајот поднесен од страна на Централната банка до собранието на Црна Гора.

На крајот од минатата година долгот на населението изнесуваше 26,5 отсто од БДП, а во 2016 година изнесуваше 25,7 отсто.

– Минатата година населението се задолжи со 476,5 милиони евра со нови кредити од банките. Новото задолжување главно се однесува на парични заеми од 63,7 отсто, што во најголем дел е најпопуларниот тип кредити за населението – се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП