21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе користи поактивна даночна политика за поддршка на нејзината економија

Кина ќе користи поактивна даночна политика за поддршка на нејзината економија

Кина ќе преземе поактивна фискална политика, за да помогне во надминувањето на несигурноста која доаѓа однадвор, пренесе „Ројтерс“.

Одложувањето на економскиот раст предизвикува жестока дебата меѓу претставниците на Владата за тоа дали фискалната политика треба да игра поголема улога во ублажување на последиците од трговска војна со САД.

Државното радио цитираше синоќа изјава по владината седница, раководена од премиерот Ли Кецјан во кое се наведува дека „фискалната политика ќе стане поактивна“.

Даночната политика ќе се фокусира на намалување на даноците за компаниите, а темпото на пуштање на специјални обврзници на локалните влади ќе биде забрзан, посочува кабинетот.

Владата ќе обезбеди даночно олеснување од 65 милијарди јуани (9,6 милијарди долари), така што ќе го прошири опсегот на својата повластена политика која ќе важи веќе за сите фирми, е не само за малите технолошки компании.

Овој чекор е додаток на оригиналната цел за намалување на даноците и давачките за 1,1 илјада милијарди јуани во оваа година, соопшти Кабинетот.

Попретпазливата монетарна политика нема да биде ниту премногу строга, ниту премногу либерална, предупредува Владата, цитирана од медиумите.

Претходно овој месец САД воведе 25 отсто царина на кинеските увозни стоки за 34 милијарди долари, а Кина возврати со иста големина при увозот на стоки од САД со иста вредност.

Економскиот раст на Кина успори малку до 6,7 проценти во вториот квартал, бидејќи напорите на Пекинг ќе го ограничи својот долг, ја поткопа активноста. Растот на фабричкото производство за јуни се намали до 2-годишен минимум, што е загрижувачки сигнал за инвестициите и извозниците на во позадина на подигнување на трговската војна со САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП