18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот биланс на жртви во Атина се искачи на 60, Ципрас прогласи...

Новиот биланс на жртви во Атина се искачи на 60, Ципрас прогласи тридневна жалост!(видео)

Во пожарите што избувнаа во близина на Атина, досега го загубија животот 60 лица, пренесе Франс прес.

Се стравува дека бројот на мртви ќе се зголеми за време на потрагата извршена од спасувачките екипи и крајбрежната стража.

Грција го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита за помош од европските партнери. Шпанија ќе испрати авиони, а Кипар тим од 60 пожарникари.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас објави тридневна жалост за смртта на десетици луѓе во пожарите во близината на Атина.

– Денес Грција е тажна, и во спомен на оние што ги изгубивме, објавуваме тридневна тага. Но, не смееме жалењето да не совлада бидејќи сега е време за борба, храброст и, пред сé, солидарност – рече Ципрас, според Асошиетед прес.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП