5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите на Телеком Словенија бараат повисока дивиденда

Акционерите на Телеком Словенија бараат повисока дивиденда

t

Акционерите на Телеком Словенија објавија предлог за промена на дневниот ред на состанокот на Генералното собрание, кој ќе се одржи на 1 јули, а предложија зголемување на дивидендата.

Иако примарно предложената исплата на дивиденда е од 8,30 евра по акција, акционерите сметаат дека компанијата е доволно силна за исплата на дивиденда од 12 евра за акција, што е за 45 проценти повеќе.

Освен тоа, некои акционери, исто така, побарале и дозвола за откуп на сопствените акции од страна на менаџерите на компанијата и тоа за вкупна висина од 10 проценти од акционерскиот капитал, односно 653.547 акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП