10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 34 одделенија на УИПР, граѓаните можат да поднесуваат барања за приватизација

Во 34 одделенија на УИПР, граѓаните можат да поднесуваат барања за приватизација

Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Канцелариите се отворени за прием на барањата секој работен ден, од 7:30 до 16:30 часот.

Со неодамнешните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.

Во потребните документи за поднесување на барањето е доказот за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица.

Треба да се приложи и документ за правниот основ, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго). Се доставуваат и податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга, како што се имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Во подрачното одделение се добива формулар, односно барање кое се пополнува и се предава на вработените.

Во рамки на Управата функционираат одделенијата за управна постапка:

Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.10, телефон: 033/470-698
Битола, ул.”Димитар Илиевски Мурато”бр.24б, телефон: 047/237-080, 047/237-070
Валандово, ул.”4 Јули” бб, телефон: 034/382-285, 034/383-020
Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1, телефон: 043/232-569 043/222-096 043/211-332
Виница, ул.”Бел Камен” бр.13, телефон: 033/363-287
Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.49, телефон: 034/215-390
Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб, телефон: 042/217-054,
Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб, телефон: 046/831-577
Делчево, Бул.”Македонија” бб, телефон: 033/412-142
Демир Хисар, ул.“Битолска“ бб, телефон: 047/275-911
Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб (зграда на Општината), телефон:043/418-836
Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1, телефон: 045/220-263
Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1, телефон: 033/274-140 033/271-055
Кратово, плоштад „Павел Шатев” бб, телефон: 031/481-469

Крива Паланка, ул „Свети Јоаким Осоговски”бр.175, телефон: 031/375-008
Крушево, ул.”Никола Ѓуровиќ” бб, телефон: 048/477-090 048/477-024
Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб, телефон: 031/426-423
Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб, телефон: 045/275-791
Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб, телефон: 043/371-160 043/363-019
Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб, телефон: 046/266-569 046/264-830
Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2, телефон: 048/425-553
Пробиштип, ул.”Јаким Стојковски” бр.3, телефон: 032/484-489
Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 032/635-067
Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бб, телефон: 047/451-844, 047/454-895
Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб, телефон: 032/440-905, 032/440-717
Струга,ул.”Димче Ковачевски” бр.2, телефон: 046/782-268
Струмица, ул.”Ленинова” бб, телефон: 034/321-543 034/345-352
Тетово, ул. “Дервиш Цара” бб, телефон: 044/340-375
Штип, ул.”Васил Главинов” бб,телефон: 032/386-776 032/385-664

Гази Баба – Скопје, ул.”Архимедова” бр.2, телефон: 02/3134-605, 02/3211852
Карпош – Скопје, ул.“Никола Русински“ бб, зграда 1, влез 1, кат 1 телефон: 02/3 073-397, 02/3 062-282
Кисела Вода – Скопје, ул.”Борис Трајковски” бб, телефон: 02/2 779-064
Центар – Скопје, ул. „Даме Груев“ бр.14”, телефон: 02/3 211-420
Чаир – Скопје, ул.”Бутелска” бр.4, тел: 02/3 211-029 02/2621-485.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП