6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens укинува уште 1.000 работни места поради намалените нарачки

Siemens укинува уште 1.000 работни места поради намалените нарачки

siemens1

Германскиот инженерски гигант „Siemens“ планира во наредните неколку години да укине уште 1.000 работни места во енергетскиот оддел, објави германскиот весник „FAZ“.

Во почетната фаза компанијата ќе укине 340 работни места во погоните на одделот за енергетски решенија во Ерланген и Офенбах, пишува весникот.

„На ваков начин „Siemens“ реагира на падот на нарачките во Европа“, се вели во статијата на весникот.

Во втората фаза компанијата ќе укине уште 650 работни места на истите локации и паралелно ќе отвори нови во Јужна Кореја, со цел да ја зајакне својата позиција во Азија.

Вo „Siemens“ не беа достапни за коментар.

Во декември минатата година компанијата најави укинување на 1.100 работни места во енергетскиот оддел во матичната Германија.

Целта е да заштеди околу шест милијарди евра до 2014 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП