28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА13.800% - дали ова е највисоката инфлација досега?

13.800% – дали ова е највисоката инфлација досега?

Хиперинфлација ја погоди Венецуела, а според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, инфлацијата оваа година би можела да изнесува 13.800 проценти.

Синдикатите не најавија колку долго ќе трае штрајкот, само дека електраните ширум земјата работат со 25 отсто од капацитетите, не само поради незадоволство на работниците, туку и поради различни дефекти во инсталациите.

Жителите на Венецуела веќе страдаат од недостатокот на лекови, храна и основни потреби, а сега ќе имаат и рестрикции во струјата до 10 часа по ред.

Властите засега не се огласија во врска со штрајкот, но инаку ја обвинуваат опозицијата за разни „саботажи“ со цел дестабилизација на земјата.

Вработените во здравство се во штрајкот од 25-ти јуни затоа што бараат зголемување на платите и подобри услови за работа, додека за штрајк размислуваат и професорите на факултетите, а пензионерите неодамна протестираа барајќи исплата на пензиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП