7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHasbro го совлада колапсот на Toys'R'Us

Hasbro го совлада колапсот на Toys’R’Us

Производителот на играчки „Hasbro Inc.“ ги надмина очекувањата на „Wall Street“ за добивката во вториот квартал, совладувајќи го минатогодишниот банкрот на „Toys’R’Us“. Ова доведе до зголемување на цената на акциите на компанијата за 12 отсто, пишува „Ројтерс“.

Компанијата, слично на другите американски производители на играчки, беше силно погодена од неочекуваниот банкрот на „Toys’R’Us“. Таа очекуваше нејзината состојба да се влоши во втората половина на годината.

„Ние сме фокусирани на надминување на неодамнешната загуба на еден од нашите најголеми клиенти. Имаме јасно зацртана стратегија која ја вклучува и желбата на трговците да состанат со потребите на корисниците по повлекувањето на „Toys’r’Us““, изјави главниот извршен директор на „Hasbro“. Брајан Голдман, цитиран од „Ројтерс“.

„Hasbro“ е партнер со најголемата филмска продукциска компанија „Walt Disney“ во производството на играчки, базирани на популарните филмски франшизи, како „Star Wars“ и суперхероите на „Marvel“.

При последниот потег да го прошири своето портфолио во мај, „Hasbro“ потроши 533 милиони долари, за да додаде нови ликови кон производите од популарната телевизиска серија „Power Rangers“.

За последниот квартал нето добивката на компанијата се намали за 11 отсто до 60,3 милиони долари или 48 центи по акција, но ги надмина просечните очекувања на аналитичарите за 29 центи по акција.

Приходите на „Hasbro“ се намалија за 10 отсто до 904,5 милиони долари за кварталот, но падот е речиси половина од очекуваното, а аналитичарите предвидуваа профит од 833,1 милиони долари.

Приходите од франшизата на „Hasbro“, која стои зад игрите, како „Monopoly“ и „Baby Alive“ и генерира половина од вкупните приходи се намалија за 8 отсто. Падот е многу помал од очекуваното од аналитичарите 30-процентно намалување.

Единствениот сегмент кој забележа зголемување на профитот е друштвото за забава и лиценцирање. Тоа забележа раст на профитот за речиси 26 проценти до 64,7 милиони долари за вториот квартал.

„Додека продажбата на производи беше слаба во вториот квартал, придобивките од сегментот за забава и лиценцирање дојдоа како една добра компензација“, изјави Стефани Вискин, аналитичар од „Jefferies“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП