6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛошите кредити во Грција достигнаа скоро 100 милијарди евра

Лошите кредити во Грција достигнаа скоро 100 милијарди евра

Надзорните кредити во еврозоната стигнат до речиси 1.000 милијарди евра, а околу 10% од нив, или 100 милијарди евра отпаѓаат на банките во Грција, пишува во анализа грчкиот весник „Катимерини“.

Весникот посочува дека во Германија, која исто така има тешкотии со својот банкарски систем, лошите кредити се половина – околу 58 милијарди евра, а и Германците имаат начини да се справат со она што е потребно за да може банкарскиот сектор да ги пречекува поставените цели.

Нешто повеќе – за разлика од Грција, банките во еврозоната не работат во услови на контрола на капиталот, што значи дека тие можат да инвестираат, имаат довербата на своите депозанти и имаат можност да го управуваат капиталот со меѓународни позиции. Поради оваа причина, лошите заеми се намалија низ целата еврозона, но без грчките банки.

„Катимерини“ коментираше дека не постои политика дури и да се поттикнат депонентите да ги вратат парите на банките. Големите суми почнаа да истекуваат од системот и од земјата уште во 2010-2011-та година. Сепак, максимумот беше во 2015-та година кога Сириза дојде на власт.

Така, нивото на лоши заеми во Грција достигнува 40%, додека просекот во еврозоната е околу 5%. Државата успева да си набави ликвидност преку внатрешни репо трансакции, капитални амортизери во вредност од 20 милијарди евра и од таа причина и не работи за стабилизирање на банкарскиот систем, тврди весникот.

Во годините на криза системот реално ја загуби својата вредност – капитализација на четирите системски банки („Alpha“, „National“, „Eurobank“ и „Piraeus“) е намалена до вкупно 8 милијарди евра.

Весникот предупредува дека единствениот начин на кој Грција може да избегне нова финансиска криза по 2020-та година е економскиот раст, но двапати побрзо како што е предвидено денес. Ова бара не само промена во политиката, туку и во размислувањето, тврди „Катимерини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП