22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна се комплицира – Кина влече потези што ќе ги налутат...

Трговската војна се комплицира – Кина влече потези што ќе ги налутат ЕУ и Јужна Кореја

Кина започна со антидампинг-истрага за увозот на челик од Европа и Јужна Кореја, која, според АП, би можела да ги комплицира напорите на Пекинг да ја добијат нивната поддршка во царинскиот спор против САД.

Кинеското Министерство за трговија објави дека ќе испитува дали некои производи од не’рѓосувачки челик од ЕУ, Јужна Кореја, Јапонија и од Индонезија се продаваат по несоодветно ниски цени и дали тие треба да бидат предмет на антидампинг-давачки.

Ова соопштение доаѓа кога официјалниот Пекинг се обидува да добие поддршка од надвор во трговскиот спор со САД, кои ги зголемија царинските давачки за увоз на стоки од Кина поради наводна кражба на американската технологија.

Кинескиот производител на алуминиумски фолии, „Шанту Ваншун“, денеска објави дека ги тужи САД за удвојување на антидампинг-давачките, кои Вашингтон ги наметна на своите пратки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП