11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија се насочува кон казината со нов закон

Јапонија се насочува кон казината со нов закон

Јапонскиот бизнис веројатно се повеќе ќе се обидува да се вклучи во првите одморалишта со казина во земјата, откако го усвои законот кој го отвора патот за големи коцкарски активности – бизнис, за кој се очекува да генерира приходи од неколку милијарди долари, објави „Ројтерс“.

Јапонија ги легализира казината во 2016-та година, но беше потребен дополнителен закон кој ќе ги прецизира специфичните прописи за овие одморалишта – комплекси со казина, продавници и простори за конференции, за да можат да бидат изградени.

Новиот закон, кој побарува првично обезбедување на три лиценцата, бара 30 проценти данок на приходите од коцкање и го ограничува просторот на казината до 3% од вкупниот износ на одморалиштата, со што се обезбедува повеќе јасност во темата.

Тој ќе им даде храброст на локалните компании, кои се уште се претпазливи кон секторот поврзуван од општеството во Јапонија со зависност и криминал, да ја подготват „почвата“ на која ќе се натпреваруваат за удели, коментираат менаџери на казина и лобисти за „Ројтерс“.

Наградата за Јапонија е јасна: овие одморалишта ќе заработат приход до 25 милијарди долари, велат аналитичарите, што претставува шанса за раст на локалните компании, кои се борат со години со дефлација и слабата побарувачка.

Различни јапонски компании од сектори како што се финансиите, недвижности, градежништво и туризам ќе се обидат да добијат акции во конзорциуми со оператори на казина, коментираат изворите.

Иако засега нема јапонска компанија која објави конкретни планови, компаниите кои според лобистите бараат учество ги вклучуваат „Obayashi Corp.“, „Mitsubishi Estate Co.“ и „Sumitomo Mitsui Financial Group Inc“ (SMFG).

Портпаролот на „Obayashi“ кој во мај собра тим кој ќе ги истражуваат одморалиштата со казина, изјави дека компанијата не одлучила дали да учествува во некој проект. „Mitsubishi Estate“ рече дека шансите за преземање на удел се ниски, но можно е вклучување во сродни сопственички проекти.

Портпаролот на банкарската поделба „SMFG“ изјави дека компанијата не размислува за инвестиции во одморалишта, но разговара со странски оператори, истражувајќи го секторот.

Меѓународните оператори на казина, кои сакаат да влезат во Јапонија, ги вклучуваат „Las Vegas Sands Corp.“, „MGM Resorts International“ и „Galaxy Entertainment Group“ од Макао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП