18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најдобрите градови во светот за инвестирање во имот за одмор?

Кои се најдобрите градови во светот за инвестирање во имот за одмор?

Кисими во Флорида, САД, Барселона во Шпанија и Корнвол во Велика Британија се најдобрите места за купување на живеалиште за одмор со цел да се изнајмува, покажува истражувањето на компанијата за осигурување на недвижнини за одмор „Schofields“.

Овие градови нудат најдобро враќање на инвестицијата од гледна точка на цената на имотот со површина од 90 м2, потенцијален приход од кирија и анализа на најпопуларните локации за туризам и веројатноста тие да останат популарни.

Анализата на „Schofields“ покажува дека рентабилност е 26,02% во Кисими, 18,78% во Барселона и 12,01% во Корнвол, следени од 11,96% во Ница, 8,71% на брегот на езерото Гарда во Италија, 6,82% во Мајами, 6,32% во Марбеља, 5,61% во Фару, Португалија, 3,36% во Авињон, јужна Франција, и 2,89% во езерото Дистрикт во Англија.

Кисими, познат по тематските паркови, се наоѓа во регион, кој се смета за водечка туристичка дестинација во САД со подобра клима во текот на целата година и инвеститорите можат да очекуваат поврат од близу 34.000 евра годишно.

Достапната цена за купување на имотот и високиот поврат од кириите на недвижнини за одмор во Барселона значат дека има потенцијал инвеститорите да заработат малку над 43.000 евра годишно по одбивањето на трошоците од имот со просечна цена од околу 196.000 евра.

Според истражувањето, просечната цена на недвижнините во Кисими била меѓу 160.000 и 199.000 долари во последните три години и прогнозите покажуваат дека цените ќе продолжат да се зголемуваат, што ќе ги претвори во добра потенцијална инвестиција во иднина, додека вредноста на куќите продолжува да биде релативно ниска.

Според Фил Шофилд не е изненадувачки дека Кисими ја предводи листата за најдобро враќање на инвестициите во имоти, кои се наоѓаат во области со подобра клима и нудат добри можности за забава. „Ова е исклучително популарна дестинација за одмор за луѓето во светот дури надвор од сезоната, што значи дека побарувачката за недвижнини за одмор е голема, а тоа ги турка нагоре цените на кириите. Сепак, цените на имотот остануваат ниски по рецесијата“, рече Шофилд.

Тој додава дека иако овие области се најдобрите статистички за рентабилност меѓу недвижнините за одмор, потенцијалните инвеститори треба да гледаат и други фактори, за да извлечат максимален поврат, вклучувајќи ја точната локација на домот и потенцијалот за зголемување на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП