21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛе Мер: Трговската војна стана реалност

Ле Мер: Трговската војна стана реалност

Трговската војна е реалност и Европската Унија не може да преговара за договор за слободна трговија со САД, додека Вашингтон не ги повлече своите царини на челик и алуминум, порача францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

Тој на состанокот „Г20“ во Аргентина рече дека американската трговска политика наметнува еднострана царина заснована на „законот на џунглата“.

„Светската трговија не може да се заснова на закон на џунглата, а едностраното зголемување на царините е токму тоа. Законот на џунглата и погодностите не можат да бидат иднината на односите во глобалната трговија“, наведе Ле Мер.

Тој рече дека ваквата пракса само ќе создаде губитници, ќе го ослабне растот и ќе ги загрози најслабите земји,а дополнително ќе доведе и до катастрофални политички последици.

Американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин застана во одбрана на царините и побара од ЕУ и Кина да ги отворат своите пазари и да овозможат слободна конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП