3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на бројот на туристи во Грција

Пораст на бројот на туристи во Грција

Бројот на туристи во Грција скокнал на 20,4 проценти во првите пет месеци, надминувајќи ја бројката од 4,5 милиони посетители во земјата, соопшти грчката министерка за туризам, Елена Коунтоура.

Според нејзините зборови, приходите на хотелите пораснале за повеќе од десет отсто, пренесе „Танјуг“.

Таа изнесе и податоци за порастот на бројот на туристите и приходите на помалку популарните дестинации.

„Дојде до зголемување на посетите за 150 проценти во западна Грција, 58 проценти во Епир, 91 отсто во источна Македонија-Тракија и 47 проценти во Тесалија“, прецизираше Коунтоура.

Министерката наведе дека во текот на изминатите три години, успеале да поддржат дестинации кои претходно не биле профилирани како туристички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП