3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini слави 11.000 примероци на Huracan и 8.000 на Aventador

Lamborghini слави 11.000 примероци на Huracan и 8.000 на Aventador

Италијанскиот производител на суперавтомобили „Lamborghini“ одбележа два големи јубилеи во своето производство.

Популарниот „Lambo“ произведе 11.000 примероци од моделот „Huracan“ и уште 8.000 од моделот Aventador.

Јубилејниот „Huracan“ го купил неименуван Италијанец во „Blue Nethuns“ боја, додека јубилејниот „Aventador“ произведен во специјалната верзија „Aventador S Roadster“ во „Grigio Telesto“ сива боја замина во рацете на купувач од Јапонија.

Со 8.000 примероци на „Aventador“ на патиштата, „Lambo“ речиси двојно го зголеми производството во однос на неговиот претходник „Murcielagо“ кој заклучно со 11-ти мај 2010-та беше произведен во 4.099 единици.

Од друга страна, „Huracan“ и натаму заостанува зад својот претходник „Gallardо“, кој заклучно со ноември 2013-та е произведен во 14.022 примероци.

Во тој момент, „Gallardo“ преставуваше вкупно половина од произведените единици на „Lamborghini“ од основање на компанијата во 1963-та.

„Lambo“ продолжува со растот во продажбата, така што испорача 2.327 единици во првата половина од 2018-та, што е 11% повеќе во однос на истиот период од минатата година

Oд тоа 1.604 примероци беа „Huracan“, a 674 „Aventador“. Преостанатите 50 единици се од првиот „SUV“ на компанијата „Urus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП