19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобрите авиокомпании во светот за 2018-та година

Најдобрите авиокомпании во светот за 2018-та година

„Singapore Airlines“ беше прогласена за најдобра авиокомпанија во светот за 2018-та година, станува јасно од годишното истражување на „Skytrax“. Сингапурската компанија ја добива оваа награда четврта година, откако беше на чело и во 2004-та, 2007-ма и 2008-ма година.

Во 2017-та година „Singapore Airlines“ беше рангирана на второ место, затоа што пред неа беше единствено авиокомпанијата „Qatar Airways“.

Таа исто така ја освои и наградата за најдобра авиокомпанија во Азија, најдобра прва класа и за најзгодни седишта во првата класа.

Имено компанијата со седиште во Доха, „Qatar Airways“ го зазема второто место во рангирањето, како таа го доби признанието за удобности и забава за време на летовите.

Компанијата освои и четири индивудуални признанија, меѓу кои за најдобра бизнис класа, најзгодни седишта во бизнис класата, најдобар бизнис кабина и најдобра авиокомпанија во Блискиот Исток.

„Qatar Airways“ денес нуди летови до над 150 дестинаии, а далечните летови се опслужуваат со „Boeing 787 Dreamliner“ и „Airbus A350“.

Третата позиција ја има јапонската „All Nippon Airways“, додека во првите 10 се рангираат 9 авиокомпании од Азија.

Топ 5 се наоѓаат „Emirates“ и тајванската „EVA Air“, претекнувајќи ги „Cathay Pacific Airways“ и единствената европска компанија „Lufthansa“. „Hainan Airlines“, „Garuda Indonesia“ и „Thai Airways“ ги надополнуваат првите десет.

„AirAsia“, „Norwegian“ и „EasyJet“ се прогласени како најдобрите нискотарифни превозници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП