13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Буенос Аирес почнува средба на министри за финансии и гувернери на...

Во Буенос Аирес почнува средба на министри за финансии и гувернери на централни банки од Г-20

Во главниот град на Аргентина денеска почнува средба на министрите за финансии и гувернери на централните банки од земјите од Г-20.

Меѓу учесниците на средбата во Буенос Аирес се директорката на ММФ Кристин Лагард, претседателот на Светската банка Џим Ким, Гувернерот на Европската централна банка Марио Драги и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој Хозе Анхел Тревињо. Кина и САД ќе бидат претставени на ниво на министер, а Русија испрати заменик-министер.

Главниот состанок ќе се одржи денеска, а ќе биде посветен на ризиците и можностите во глобалната економија. Вториот состанок ќе се занимава со развојот на пазарот на трудот и финансиската инфраструктура. Овие две прашања се приоритет за Аргентинското претседателство на Г-20 оваа година.

Утре министрите и гувернерите ќе одржат неколку работни сесии, посветени на навлегувањето на технологијата во финансискиот сектор и меѓународниот даночен систем, јави ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП