18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Хрватска лани се иселиле над 47.000 лица

Од Хрватска лани се иселиле над 47.000 лица

Од Хрватска во текот на минатата година во странство се иселиле повеќе од 47.000 лица, а од странските земји во Хрватска се доселиле повеќе од 15.000 луѓе, од кои една третина од Босна и Херцеговина.

Ова значи дека Хрватска, поради миграциите, останала без речиси 32.000 жители.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Хрватска лани од странство се доселиле 15.533 лица, од кои 50,9 отсто хрватски државјани и 49,1 отсто странци, а меѓу 47.352 лица што се иселиле од Хрватска повеќето се хрватски државјани, односно 95,8 проценти.

Повеќето од доселениците во Хрватска пристигнале од Босна и Херцеговина (31,8 процент), а најголем број (61,4 отсто) од Хрватите се иселил во Германија.

Меѓу иселените најмногубројни се младите луѓе, 48 проценти, на возраст од 20 до 39 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП