21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗОО Скопје апелира до посетителите да не им фрлаат храна на животните

ЗОО Скопје апелира до посетителите да не им фрлаат храна на животните

„За здрави и среќни животни“ е кампања за подигање на свеста кај посетителите. Целта на оваа кампања е да се спречат несовесните посетители да фрлаат храна, но и отпадоци во живеалиштата на животните во Зоолошката градина во Скопје.

„Вчера започнавме со кампањата за зашита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци што можат да го загрозат животот на животните. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини“, соопшти директорот Ѓорѓи Галетановски.

Тој додава дека храната што ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни. „Прва во улога на ЗОО-негувател ни се приклучи пејачката Тамара Тодевска со ќеркичката Хана. На Тамара ќе ѝ се приклучат и многу други јавни личности – спортисти, пејачи, актери кои ќе бидат во улога на ЗОО-негуватели и ќе ги предупредуваат и едуцираат несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна кај животните“, рече Галетановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП