28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата на Јапонија се зголеми на 0,8% по зголемувањето на цените на...

Инфлацијата на Јапонија се зголеми на 0,8% по зголемувањето на цените на енергијата

Потрошувачките цени во Јапонија се зголемија на 0,8 отсто во јуни во споредба со минатата година. Тоа е 18-ти последователен месец на забрзување на инфлацијата во позадина на зголемувањето на цените на енергијата, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи и комуникации.

Показателот сепак се уште е далеку од целта поставена од Јапонската централна банка (ВоЈ) во 2013-та година за инфлација од 2 отсто.

Цените на нафтата се зголемија за 16,1 отсто, а на електричната енергија порасна за 3,1 отсто, објави Министерството.

Главниот индекс на потрошувачките цени, кој не вклучува свежи производи, останал на ниво 101,0 поени во однос на основата од 100 поени за 2015-та година, соопшти министерството.

Бидејќи Јапонија долго време беше погодена од дефлација, централната банка започна да воведува мерки за парични олеснувања во април 2013-та година, за да ја постигне посакуваната цел од 2 проценти инфлација за период од 2 години.

Инфлацијата се очекува да се зголеми на 1,3 отсто во текот на тековната финансиска година. Оваа вредност беше ревидирана во однос на 1,4 отсто во јануари, објави централната банка во април.

Јапонската финансиска година започнува на 1-ви април и завршува на 31-ви март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП