18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште еден кинески конгломерат започнува со продажба на имотот во странство

Уште еден кинески конгломерат започнува со продажба на имотот во странство

Кинеската осигурителна компанија „Anbang Insurance Group“ се стреми да се ослободи од имот во вредност од околу 10 милијарди долари за да ја заздрави сметководствената рамнотежа во рамките на спасувачкиот план, поддржан од владата, откриваат тројца запознаени извори, цитирани од „Ројтерс“.

Продажбата најверојатно ќе започне во рок од еден месец, велат изворите откриени кои сакаат да останат анонимни, бидејќи немаат право да разговараат со медиумите. Хотелот „Waldorf Astoria“ во Њујорк, купен во 2014-та година за 1,95 милијарди долари, не е вклучен во продажбата, велат извори. Хотелот во моментов е затворен поради реновирање.

Продажбата се случува во време кога владата им посветува поголемо внимание на компаниите кои се засегнати со долг во странски инвестиции. Некои конгломерати, како што се „HNA Group“ и „Dalian Wanda Group“, неодамна продадоа имот во странство за да ги исплатат долговите.

„Anbang“ е една од најактивните кинески компании со аквизиции во вредност од над 30 милијарди долари во последниве години. Но во февруари Владата соопшти дека ќе ја преземе контролата врз осигурителната компанија за најмалку една година, обвинувајќи го раководството поради незаконска активност која ја поставила компанијата во опасност.

Поранешниот претседател Ву Сјаохуеј, кој раководеше со имотите стекнати во странство, беше осуден во мај на 18 години затвор за измама и проневера. Тој ја обжали пресудата.

„Anbang“ изјави за „Ројтерс“ дека е во процес на разгледување на нејзините странски средства и нема да коментира за шпекулациите на пазарот.

„China International Capital Corp Ltd“ (CICC) и „UBS Group“ се избрани за консултанти при продажба на активи во земјата и странство, според познати извори. Двете компании најверојатно ќе ангажираат други банки во потрага по купувачи, додаваат тие.

Портфолиото на „Anbang“ во странство вклучува имот на „Strategic Hotels & Resorts“, купен за 6,5 милијарди долари во 2016-та година, како хотелите „Four Seasons“ во Вашингтон и „JW Marriott Essex House Hotel“ во Њујорк.

Осигурителната компанија го поседува исто така хотелот „Four Seasons“ во Москва и канцелариски згради „Bentall Centre“ во Ванкувер и „70 York St“ во Торонто, покажуваат податоците на „Thompson Reuters“.

Покрај имототм, „Anbang“ исто така е сопственик на осигурителни компании во Белгија, Холандија и Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП