22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп размислува за нови тарифи со Кина: "Подготвен сум да одам на...

Трамп размислува за нови тарифи со Кина: “Подготвен сум да одам на 500”

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е подготвен да воведе царини за целиот увоз на кинески стоки во САД, во вредност од 505 милијарди долари.

“Ние сме во огромен минус”, изјави Трамп во интервју за американската телевизиска мрежа CNBC.

“Јас сум подготвен да одам на 500”, рече претседателот, мислејќи на вредноста на кинескиот увоз во САД во 2017 година, што според CNBC изнесува 505,5 милијарди долари наспроти 129 милијарди долари вредниот американски извоз во Кина.

“Не го правам ова од политички причини, туку да ја направам вистинската работа за нашата земја”, рече Трамп.

Тој додаде дека САД го користат на повеќе фронтови, вклучително и во областа на трговијата и монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП