17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

„Електрани на Македонија“ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 12.000 MWh, по просечна цена од 66,34 eвра за MWh, информираат во соопштение од компанијата.

Вкупниот приход од ЕЛЕМ од оваа продажба е 796.080 евра. Продадените вишоци електрична енергија се за месец септември 2018, додаваат од компанијата.

Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. ЕЛЕМ досега продала вкупно 217.560 MWh, со вкупен приход од 11.595.638 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП