25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку проектот „Мој општинар“, Кавадарци ја доближи општината поблиску до граѓаните

Преку проектот „Мој општинар“, Кавадарци ја доближи општината поблиску до граѓаните

Проектот „Мој општинар“ во општина Кавадарци функционира веќе 8 месеци, преку 9 одделни реони каде секој реон има свој општинар кој континуирано последните 8 месеци е излезен на терен.

Овој проект има за главна задача лично од граѓаните да ги прими забелешките за проблемите кои може да се решат, а се во надлежност на локалната самоуправа.

Преку проектот „Мој општинар“, Општина Кавадарци ја доближи општината поблиску до граѓаните.

Хортикултурно се озелените над 30 000 м2, поставени се 1100 метални столбови за побезбедно движење на пешаците, 20 детски игралишта се реновирани и поставени се детски реквизити на 5 нови локации, поставена е нова урбана опрема во сите реони во општина Кавадарци, исчистени се над 20 диви депонии, со ангажирање волонтери отстранети се над 300 бесправно поставени лимени гаражи и на истите локации извршено е хортикултурно уредување, поплочени се повеќе улици и реновирани се неколку објекти во селата на општина Кавадарци.

Овие изминати 8 месеци сведочат за функционалноста на проектот „Мој општинар“, кој е прв ваков проект во Македонија. Преку проектот, континуирано се одвива акцијата за чисто и убаво Кавадарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП