7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го претстави најмоќниот Megane (фото+видео)

Renault го претстави најмоќниот Megane (фото+видео)

„Renault“ ја претстави верзијата „Trophy“ на новата генерација на „Megane RS“. Таа е дизајнирана да се трка на патеката, откако ја доби шасијата „ “ со посилни поставувања и механичко заклучување на диференцијалот.

„Renault Megane RS Trophy“ користи 1,8-литарски бензински турбомотор, кој развива 300 Кс и 420 Нм во верзијата со 7-степен автоматски менувач со две спојки. Во верзијата со шест брзини вртежниот момент е 400 Нм.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,7 секунди, што е 0,1 секунда побрзо од стандардната „Megane RS“. Максималната брзина е 260 км/ч (наместо сегашните 255 км/ч).

Во опремата на возилото влегуваат 19-инчни бандажи со гуми „Bridgestone Potenza S001“ (од 2019-та година ќе се нуди олеснета опција која е за 2 кг полесна), сопирачки механизми од посебен метал со апарати „Brembo“, цврсти амортизери, пружини и стабилизатори.

Шасијата за задните тркала беше земена од стандардиот „Megane RS“. За дополнителни трошоци, верзијата на „Trophy“ може да биде опремена со спортски седишта „Recaro“ со алкантара.

Новата генерација на „Renault Megane RS“ дебитираше минатата есен. Моделот доби хидраулични амортизери, систем за снимање на телеметријата и избор на неколку режими за контрола на електрониката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП