2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНОВ ЗЕЛАНД: Четири работни дена во неделата за иста плата

НОВ ЗЕЛАНД: Четири работни дена во неделата за иста плата

Новозеландската компанија “Perpetual Gardian” им овозможи на своите вработени неколку месеци да работат четири дена во неделата за истата плата за потребите на професионална студија. Компанијата првенствено сакаше да имплементира таква мерка за да им се олесни на своите вработени да воспостават баланс помеѓу приватниот и деловниот живот.

Универзитетските експерти во областа на управувањето со човечките ресурси беа вклучени во овој експеримент со цел да се дефинира како таквата мерка влијае на продуктивноста на работата. Според конечните резултати, продуктивноста на вработените е зголемена за пет проценти на почетокот, додека за истиот период нивото на стрес на работното место се намалил за седум отсто.

Основачот на компанијата Ендрју Барнс, одлучи да ја спроведе мерката за да им овозможи на своите вработени да поминуваат повеќе време со своите деца, затоа што тој верува дека така ќе ја зголеми нивната продуктивност.

– Навистина верувам дека родителите кои поминуваат повеќе време со своите деца можат повеќе да се посветат на своите работни задачи, бидејќи ќе бидат помалку загрижени и нема да чувствуваат каење – рече Барнс, додавајќи дека се надева оти другите работодавци, инспириран од позитивните наоди на студијата ќе им овозможат на своите вработени исти услови.

По два месеца на експериментирање, резултатите покажаа дека 78 отсто од испитаниците ја зголемиле продуктивноста за 24 проценти.

Џарод Хар, експерт во управување со човечките ресурси на Универзитетот за технологија во Оукланд, се согласува со заклучокот од истражувањето, истакнувајќи дека рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот исклучително позитивно делува врз сите сектори на продуктивноста на работното место.

– Одморените и безгрижни работници се значително поефикасни во текот на работниот ден, од што на крајот најмногу профитираат работодавците, рече Хар.

Ноозеландскиот министерот за труд, Ијан Лис-Галовај ги пофали резултатите од студијата, и вети дека ќе ги претстави на другите работодавачи за да ги охрабри да спроведат таков начин на водење бизнис.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП