4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНорвешка компанија го потпиша најдолгиот договор за производство на енергија од ветер

Норвешка компанија го потпиша најдолгиот договор за производство на енергија од ветер

„Hydro Energi AS“, целосно во сопственост на подружницата на норвешката компанија за производство на алуминиум „Norsk Hydro“, потпиша долгорочен договор со „Green Investment Group“ за производство на енергија од ветер.

Зделката, која ќе биде во сила во наредните 29 години, се очекува да биде најдолгиот корпоративен договор за ветерна енергија во светот, изјавија од „Norsk Hydro“, цитирани од „CNBC“.

Договорот цели одржувањето на енергијата потребна за алуминиумските фабрики на компанијата во Норвешка.

Договорот ќе обезбеди годишни базични испораки од 0,3 TW/h за периодот меѓу 2021-ва и 2031-ва година и 0,55TW/h меѓу 2031-ва и 2050-та година.

Една централа на ветер исто така ќе биде изградена во Шведска. Таа ќе биде распоредена во реонот меѓу Сундсвал и Остерунд и ќе поседува базната моќност од 235 MW, а е предвидено да генерира приближно 0,8 TW/h годишно, кога ќе биде пуштена во употреба.

„Користењето на обновливите извори на енергија за нашето производство на алуминиум е основна стратегија за „Hydro“ и главна причина нивото на јаглерод на компанијата да се едни од најниските во светот“, изјави Арвид Мос, извршен потпретседател за енергетските прашања во норвешката компанија.

Глобално речиси 70% од основната продукција на алуминиум за компанијата се базира на обновливи извори на енергија. Во Норвешка, овој индикатор достигнува 100%.

Претходно овој месец „Hydro“ го објави купувањето на 34% од акциите на „Njord“, компанија која е основана во 2017-та година со цел да ги развие крајбрежните ветерни проекти во Шведска и Норвешка.

„Hydro“ е меѓу компаниите кои сè посигурно се свртуваат кон обновливите извори на енергија. Во октомври минатата година на пример „Microsoft“ и „General Electric“ (GE) склучија 15-годишен договор за енергетска трговија во Ирска. Зделката значи дека технолошкиот гигант ќе купува целата енергија произведена од генераторите на ветер на „GE“ во „Country Kerry“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП