1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиколовски: Косово со зголемувањето на царината ги прекршува меѓународните договори

Николовски: Косово со зголемувањето на царината ги прекршува меѓународните договори

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира по одлуката на Косово за зголемување на царината на 30 отсто за одредени земјоделски производи. Од Министерството велат дека со тоа Косово ги прекршува ЦЕФТА-договорот и нивната спогодба за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

Оттаму најавија дека во текот на денот ќе испратат дописи до ЦЕФТА, ЕУ и до ;инистерството за трговија и индустрија на Косово со кои ќе информираат за прекршувањата и ќе побараат итно повлекување на одлуката.

„Очекувам дека одлуката ќе биде повлечена. Ако тоа не се направи во најкраток временски период, ние ќе го заштитиме нашето домашно производство – ова е нашиот приоритет. Ние од страна на Косово не сме консултирани во овој процес, јас се надевам на дијалог и на разумност од страна на Косово, оти веќе Владата има усвоено меморандум со нивното министерство за земјоделство“ – изјави министерот Николовски.

Производи што најмногу би биле погодени од оваа одлука во овој период се доматите, пиперките и сливите. Во моментот се анализираат точните податоци, вкупниот извоз во Косово за 2017 е околу 6 милиони евра, а во првите шест месеци од годинава 2,5 милиони евра. Увоз на земјоделски производи од Косово нема. Во одлуката го нема грозјето и други стратешки производи. МЗШВ е во контакт и со другите министри од регионот и ќе преземе заеднички мерки и политики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП