24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре затворен сообраќајот од поранешната улица Владимир Комаров до крстосницата со...

Од утре затворен сообраќајот од поранешната улица Владимир Комаров до крстосницата со „Ѓуро Ѓоновиќ“

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека oд утре до недела ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата 23 Октомври (поранешна „Владимир Комаров“) до крстосницата со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, потегот кој минува до транспортниот мост.

Посочената сообраќајна делница ќе биде затворена поради голем градежен зафат за изведба на нова фекална канализација и реконструкција на водоводната мрежа.

Ги молиме сите учесниците, поради ефикасно и безбедно одвивање на сообраќајот, да ја почитуваат поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај, апелираат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП