1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Трговската војна станува „убиец“ на светската економија

Кина: Трговската војна станува „убиец“ на светската економија

Трговската војна предводена од САД почнува да станува се повеќе во „сигурен убиец“ за глобалната економија, алармира кинеското Министерство за надворешни работи, велејќи дека целиот свет ќе го возврати ударот, ако продолжат „своеволно“ од американска страна, информира „Ројтерс“.

САД има фабрикувано секакви изговори за своите активности поврзани со трговската војна, вклучувајќи ја интервенцијата и националната безбедност, изјави за новинарите за време на редовна прес-конференција Чунин Хуа, портпаролка на Министерството за надворешни работи во Кина.

Претходно овој месец, САД и Канада разменија заеднички царини од 34 милијарди долари, што ги потресе финансиските пазари.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со дополнителни санкции, освен ако Пекинг не се согласи да ги промени своите практики за интелектуална сопственост и високи технолошки планови за субвенции.

Администрацијата на Трамп нанесе удар со царини и увозот на некои европски метали и се закани да наметне царински давачки на увоз на автомобили од Европа со цел неговото ограничување.

„Американската трговска војна не е насочена само кон Кина, туку влијае и на целиот свет. Гледајќи го остатокот од светот како непријател, САД ја туркаат глобалната економија во опасна област“, рече Чунин.

Минатата недела Европската комисија ги намали прогнозите за економскиот раст на еврозоната во оваа година, велејќи дека главните причини за ревизијата се трговијата со САД и повисоките цени на нафтата.

Економијата во Кина расте со побавно темпо во вториот квартал, покажуваат официјалните податоци, при што трговскиот спор меѓу Пекинг и Вашингтон ги потресе изгледите за раст на втората развиена економија во светот.

„Ако САД продолжи да дејствуваат произволно, земјите од целиот свет само ќе ја потврдат својата решеност да се одвратат“, додаде Чунин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП