19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСледете ги овие правила при изборот на соврешениот кандидат

Следете ги овие правила при изборот на соврешениот кандидат

Избирањето на идеалниот кандидат за работа не секогаш е лесна задача за еден бизнис. Во некои случаи, пазарот на труд е преполн со кандидати кои поседуваат вештини, знаења и способности за извршување на конкретни задачи и задолженијата кои на Вашата компанија и се толку потребни, а во други случаи се појавува дефицит на потребни кадри за одделни бизниси.

Сепак, кога динамиката на работа налага регрутирање на нови кадри во компанијата, еве неколку корисни совети како добро да се подготвите да го изберете Вашиот „совршен“ кандидат:

1. Дефинирајте што сакате од идниот вработен – Ова е првиот и неминовен чекор без кој не можете. Не сакате да се доведете во ситуација, во која не знаете што се би сакале идниот работник во компанијата да прави. Многу од компаниите го занемаруваат овој чекор, и подоцна не можат да ги дефинираат ниту конкретните задолженија за работната позиција, ниту пак да им објаснат на потенцијалните кандидати што всушност се бара од нив.

2. Користете ги сите можни извори за селекција – Најпрвин, погледете „внатре“ во Вашата организација. Запрашајте се: Дали во компанијата веќе постојат кандидати кои би можеле да го работат она што го посакувате? Дали некој од веќе постоечките вработени има желба и компетенции да ги работи новите задачи? Доколку постои таков, можеби треба да подразмислите дали нему треба да му ја доверите таа задача.

3. Скусете го времето за селекција – Потрудете се што е можно повеќе да го намалите периодот на селетирање на кандидатите. Ова подразбира оптимално утврдување на времето од почетното огласување на работното место, се до финалното селектирање на кандидати. Не сакате да изгубите премногу непотребно време и да ги запоставите важните  тековнии оврски и задолженија.

4. Покажете по што сте различни од другите компании – Процесот на селектирање сфатете го како уште една можност за добар маркетинг и промоција на Вашата компанија. Ова не значи да претерувате во фалењето, туку реално да ги истакнете Вашите предности и да нагласите зошто компанијата е добра можност за работа.

5. Препознајте ги вистинските вредности кај кандидатите – „Вистинските вредности“ се оние вредности кои ќе сакате да бидат пресликани од личноста на кандидатот директно во Вашата организација. Тоа се оние посакувани вредноси кои ќе сакате да ги видите инкорпорирани во Вашата компанија и по кои сакате да бидете препознавани.

6. Креирајте дата-база на таленти – Најчесто компаниите прават селекција на кандидати само за една намена, односно само за една позиција. Малку компании ја искористуваат можноста за собирање на информации на разните кандидати кои на било кој начин произјавиле интерес за работа во одредена компанија. Добо е Вашата компанија да има континуирана политика на собирање на информации за потенцијалните кандидати преку целата година.

7. Водете грижа за Вашиот тим на вработени – Усовршувањето на тимот и водењето грижа за вработените не значи само трошок, или губење на време, тоа е инвестирање во идното работење на компанијата. Добрите компании секогаш водат сметка за своите вработени. Трудете се да бидете компанија која „генерира“ вработени. Секогаш е полесно и посиплатливо да „креирате“ добар работник, отколку да „купите“ добар работник. Некои ќе кажат: Зошто да инвестирам во некого, кога тој утре може да замине од компанијата? Во тој случај запрашајте се: А што ако не инвестирате, и тој реши да остане?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП