20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска: Ранливите групи често немаат пристап до правдата

Царовска: Ранливите групи често немаат пристап до правдата

Со јакнење на партнерството со граѓаните создаваме праведен и функционален систем, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во обраќањето на Самитот за отворено владино партнерство во Тбилиси, Грузија.

„Само преку правно зајакнување на граѓаните може да создадеме одговорен, праведен и функционален систем. Токму затоа одлучивме граѓанските организации да бидат наши партнери во јакнењето на ранливите групи на локално ниво, кои често немаат пристап до правда “, рече Царовска.

Министерката додаде дека ранливите групи честопати немаат пристап до правдата бидејќи таа е мулитисекторско прашање.

„Граѓаните не смееме да ги гледаме како корисници на услугите на системот. Тие мора да бидат активен субјект во креирањето на законите и услугите“, истакна Царовска.

Самитот беше организиран од грузиското Министерство за правда и Иницијативата за правда на Институтот „Отворено општество“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП