4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair откажа 600 летови за следната недела

Ryanair откажа 600 летови за следната недела

„Ryanair“ ќе откаже над 12% од летовите во два дена од следната недела, а причина за тоа е најголемиот штрајк организиран некогаш по ескалацијата на незадоволството од страна на кабинскиот екипаж, јави „Ројтерс“.

Ирската авиокомпанија, која е најголемата според бројот на патниците во Европа изјави дека ќе бидат погодени околу 50.000 клиенти кои патуваат од и до Белгија, Португалија и Шпанија на 25-ти и 26-ти јули, бидејќи ќе бидат откажани до 300 летови на ден.

„Овие штрајкови се сосема неоправдани и тие нема да постигнат ништо освен до прекин на семејните одмори“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

На 12-ти јули, „Ryanair“ откажа 30 летови, кога штрајкува само некои од пилотите во Ирска. Компанијата, исто така, рече дека ќе откаже 24 летови во петок во вториот од трите штрајкови што ги планирале пилотите.

Кабинскиот екипаж од цела Европа објави листа со 34 барања на 4-ти јули, вклучувајќи барање за „фер плата за живот“, подобра плата за време на болнички и трудови договори на мајчиниот јазик и составени во согласност со локалното, а не со ирското законодавство.

Кабинскиот екипаж се жали дека треба да си плаќа за водата, која ја троши во текот на летот и да даваат писмени детали за симпотими при болест.

„Ryanair“ објави во средата во „Twitter“ листа на бенефиции кои се вложуваат во кабинскиот екипаж, вклучувајќи плати до 40.000 евра на годишно, велејќи дека персоналот има едни од најдобрите услови во Европа во нискотарифниот сектор.

„Сметаме дека екипажот е добро платен и условите се добри“, коментира маркетинг директорот во компанијата Кени Џејкобс. Тој рече дека ќе има средба со екипажот, за да се видат какви се проблемите и да бидат разгледани, но со предвид дека треба да биде зачуван „нискотарифниот, високоефективен“ модел на компанијата.

„Ryanair“ која лета до 37 земји и превезе 130 милиони патници во минатата година спречи голем штрајк пред Божиќ, така што одлучи да ги признае синдикатите за прв пат во својата 32-годишна историја, но оттогаш се обидува да постигне договор со нив.

„Ryanair одлучи да поништи летовите седум дена порано, бидејќи не гледа можност за откажување на штрајкот, на тој начин сака да им овозможи на патниците да ги менуваат резервациите“, објасни уште Џејкобс.

Авиокомпанијата, која се очекува да ги објави финансиските резултати за вториот квартал во понеделник, објави рекордна годишна добивка од 1,45 милијарди евра на 31-ви март. Компанијата, сепак, предупредува дека нејзиниот финансиски резултат се намалува поради зголемените цени на горивото и зголемените трошоци за вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП