5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧикаго се приближува до безусловни основни приходи

Чикаго се приближува до безусловни основни приходи

Наскоро Чикаго може да стане најголемиот американски град кој ги тестира безусловните основни приходи.

Ако локалните власти ја одобрат идејата, тогаш избрани домаќинства ќе почнат да добиваат по 500 долари месечно, без оглед дали нивните членови работат или не.

Градските творци на закони ја поддржуваат идејата за тест период, во рамките на кој 1.000 локални домаќинства ќе добиваат безусловно пари од општинскиот буџет, пишува „Business Insider“.

Нацрт-законот, кој е поднесен од Амеја Павар, веќе доби поддршка од 36 од вкупно 50 члена на Градскиот совет. Според зборовите на предлагачот пред медиумот „Intercept“, безусловно основниот приход ќе им помогне на повеќе американски семејства кои имаат мали средства, а освен тоа ќе го пречека доаѓањето на автоматизацијата, која може да избрише многу од постојните работни места.

За предлог-законот ќе расправа Градскиот комитет за развој и ревизија на работната сила. Доколку доволно членови го поддржуваат планот, истиот ќе биде доставен до општинскиот совет за гласање.

Според законите во Чикаго градоначалникот на градот има право да стави вето на законот, ако не се согласува со него. Сепак, ветото може да се отстрани ако 2/3 од Градскиот совет гласале за тоа.

Павар се надева на поддршка од Општинскиот совет и градоначалникот на Чикаго, но засега нема јасност до каков степен идејата ќе биде прифатена.

Шемата за создавање безусловен основен приход е веќе донесен во Алјаска, каде што на граѓаните им се исплаќаат до 2.000 долари годишно, со средства од нафтените компании кои работат во државата.

Другите делови на САД, исто така, ќе експериментираат со идејата. Во малиот Калифорниски град Стоктон во 2019-та година ќе започне 18-месечен тест за шемата, при што 100 луѓе ќе добиваат 500 долари месечно во тој период.

Во 2017-та година, Финска почна да им плаќа на 2.000 невработени лица по 560 евра месечно. И покрај плановите дека безусловниот основен приход ќе ги опфати и работните Финци, но експериментот беше прекинат на сметка на други социјални проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП